6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЃоковиќ го освои Мастерсот во Лондон

Ѓоковиќ го освои Мастерсот во Лондон

nole

Новак Ѓоковиќ триумфираше на Мастерсот во Лондон откако синоќа во финалето во „О2 Арената“ го победи Рафаел Надал.

Мечот во два сета за 96 минути со 2-0 го доби српскиот тенисер што за него беше 22.ра победа во серија и воедно успеа да ја одбрани титулата освоена лани на истиот турнир.

За Ѓоковиќ ова е трета победа на завршниот Мастерс турнир во своето трето финале, додека Надал и во вториот финален меч остана без трофеј. Србинот претходно победи и во 2008 и 2012 година.

Првиот сет Ѓоковиќ го доби со 6:3 во гемови и притоа имаше два брејка, а Надал еден. Во вториот сет беше 6:4 за Ѓоковиќ, кој направи еден брејк и ја искористи третата меч топка.

Во меѓусебните дуели скорот сега е 22:17 за Надал, а во 2013 година 5:4 за Шпанецот.

За Ѓоковиќ ова беше 41.ва титула или седма во 2013 година.

И покрај поразот во финалето Надал 2013 година ќе ја заврши како број1, а Ѓоковиќ е број 2 на светската АТП ранг листа.

Во игра на двојки победија Шпанците Фернандо Вердаско и Давид Мареро, кои беа подобри од Американците браќата Боб и Мајк Брајан. з

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП