4 мај, 2025
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 27.03.2025

Дневен хороскоп 27.03.2025

oven1

Овен (21.03 – 20.04)

Со помош на пријателите ќе успеете да ја решите деловната ситуација. Нетрпеливи сте во врска со развојот на настаните. Целосно сте задоволни со емотивниот живот. На полето на здравјето, ве оптеретуваат проблеми со белите дробови.

bik1

Бик (21.04 – 21.05)

Не ви се препорачува заедничка работа со лицата кои не ги познавате доволно. Лицето со кое сакате да започнете бизнис е прилично неспретно. Љубовниот живот не ви е сјаен, главно поради вашите нервози и прилично хаотичниот живот.

bliznaci1

Близнаци (22.05 – 22.06)

Денес мудро ќе одиграте. Со својата ангажиранот на деловен план многу лица ќе изненадите. Се наоѓате на почетокот од еден за вас важен период. Успевате кај еден Бик да предизвикате симпатии. Ви се препорачува диета.

rak1

Рак (22.06 – 22.07)

Премногу сте осетливи на туѓите критики. Некој сака да ја злоупотреби вашата наклонетост. На праг сте кон периодот кој може да значи можност да го средите вашиот љубовен живот и конечно да доживеете олеснување. Можна е појава на алергија.

lav1

Лав (23.07 – 22.08)

Имате сатисфакција да се покренете себе и да успеете во она што сте го замислиле. Ако бидете истрајни и не дозволите никој да ве провоцира, можете да очекувате успех. Љубовниот живот ви е исклучително напнат. Можни се проблеми со зглобовите.

devica1

Девица (23.08 – 22.09)

Ве очекуваат одлични вести, доколку се најдете на ново работно место. Опкружени сте со лицата кои многу добро ве разбираат и ви даваат корисни совети. Актуелниот партнер целосно ви одговара. Можни се проблеми со желудникот.

vaga1

Вага (23.09 – 22.10)

Ќе имате деловна шанса. Можете да очекувате голема поддршка од луѓето со кои не сте толку блиски. Многу сте популарни и имате неколку прилики кога станува збор за вашиот љубовен живот. Можете да очекувате додворување.

shkorpija1

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Ќе успеете да го покажете својот максимум и немојте да дозволите некој да ви ја наруши самодовербата. Ви се отвораат можности за хонорарна работа. Ако сте во зрели години, би било мудро да се позанимавте со проблемите. Вашето грло е осетливо.

strelec1

Стрелец (22.11 – 21.12)

Добро функционирате во опкружувањето во кое се наоѓате. Вашиот емотивен живот за многумина е прилична тајна, особено ако сте во врска со ексцентрично лице. Постои можност за вирусна инфекција и проблеми со белите дробови.

jarec1

Јарец (22.12 – 20.01)

Одлично ја проценувате ситуацијата, но најверојатно ќе донесете одлука која не ви оди во корист. Водите разговори кои не носат ефекти освен ако не се работи за некои крајно неважни работи. Здравствената ситуација ви е доста подобра.

vodolija1

Водолија (21.01 – 19.02)

Подгответе се за одредени критики, кои нема да ви се допаднат. Љубовниот и семејниот живот би можеле лесно да се доведат во ред, ако успеете да бидете помалку импулсивни. Ве оптеретува зголемениот апетит. Ви се препорачува диета.

riba1

Риби (20.02 – 20.03)

Ве очекуваат ненадејни загуби. Бидете подготвени за средба со лице кое може да го искомплицира вашиот љубовен живот. Здравствената ситуација можете да ја поправите со редовно консумирање на витамини и минерали.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП