28 март, 2025
ПочетнаКОМПАНИИПоради доцнење на возовите лани „Deutsche Bahn“ плати 197 милиони евра компензација

Поради доцнење на возовите лани „Deutsche Bahn“ плати 197 милиони евра компензација

Германскиот железнички оператор „Deutsche Bahn“ плати речиси 197 милиони евра како компензација за доцнење и откажување на возови во 2024-та година, објави компанијата, цитирана од ДПА.

Во текот на годината беа поднесени околу 6,9 милиони барања. За споредба, во 2023-та како резултат на 5,6 милиони побарувања, платен е надомест од вкупно 132,8 милиони евра.

„Ако возот доцни и нашите патници имаат право на компензација, ние го плаќаме без спор“, велат од компанијата.

Според „Deutsche Bahn“, 80 отсто од доцнењата се поради застарена и преоптоварена инфраструктура.

Над една третина од железничките услуги на долги релации не биле на време минатата година, со 37,5 отсто од возовите кои доцнеле повеќе од 5:59 минути. Ова е најлошиот индикатор за точност за германската железничка мрежа во најмалку 21 година.

Портпаролот на компанијата ја истакна и тековната реновирана работа. До 2030-та година „Deutsche Bahn“ планира целосно реновирање на 41 железнички коридор со густ сообраќај.

„Deutsche Bahn“ има за цел да ја зголеми точноста на експресните возови на долги релации на 75-80 проценти до крајот на 2027-ма година, рече портпаролот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП