Покрај тоа што го одредува нашиот карактер и открива на кои болести сме склони, крвната група влијае и на тоа како нашето тело толерира одредена храна и нуди увид во тоа што да јадеме, а што да избегнуваме.
Правилната исхрана е исклучително важна за здрав и долг живот, а докторот Питер Д’Адамо тврди дека храната што ја јадеме и ја избегнуваме треба да ја прилагодуваме на нашата крвна група. Освен што е добра за нашето здравје, правилната исхрана може да ви помогне и да го намалите вишокот килограми, но важно е да знаете која храна можете да ја консумирате.
Крвна група 0
Вашата исхрана треба да се заснова на висок внес на протеини, посно месо, млечни производи, риба, зеленчук и мешунки. За слабеење најдобри се морските плодови, алгите, црвеното месо, брокулата, спанаќот и маслиновото масло, додека пченицата, пченката и млечните производи треба да се избегнуваат.
Крвна група А
Треба да избегнувате месо и да изберете вегетаријанска исхрана со многу мешунки, овошје и зеленчук и цели зрна. Морската храна, зеленчукот, ананасот, маслиновото масло и сојата се најдобри за слабеење, но треба да се избегнуваат млечни производи, пченица, пченка и грав.
Крвна група Б
Избегнувајте пченка, домати, кикиритки и сусам. Пилешкото исто така може да биде лош избор. Јадете зелен зеленчук, јајца, црвено месо и млечни производи со малку маснотии. За губење на тежината, треба да изберете зелен зеленчук, јајца и џигер, а избегнувајте пилешко, пченка, кикирики и пченица.
Крвна група АБ
Вашата исхрана треба да вклучува тофу, морска храна, млечни производи и зелен зеленчук поради помалото количество на гастрична киселина во желудникот. Избегнувајте кофеин, алкохол и пушено месо. Тофу, морските плодови, зелениот зеленчук и морските алги се најдобри за слабеење, но пилешкото, пченката, хељдата и гравот треба да се избегнуваат.