Ви го најавуваме големиот спектакуларен солитички концерт на нашата фолк ѕвеза Влатко Миладиноски, во придружба на големиот оркестар на Златко Миладиноски, кој ќе се одржи на 22 март во Македонската Опера и Балет во Скопје со почеток од 20:00 часот.

„Посветената работа на креирање на хитови кои го обединуваат македонскиот народ е една од причините поради која се одлучив на чекорот да го организирам големиот концерт во Скопје, а иницијативата и барањето за тоа доаѓа од граѓаните кои при секоја средба со мене го поставуваа прашањето кога ќе се организира еден голем концерт во Скопје и еве со задоволство можам да истакнам дека тој ден е 22 Март“, вели Влатко Миладиноски.


