26 април, 2025
ПочетнаКУЛТУРАКонцерт на филмска музика на Кирил Џајковски

Концерт на филмска музика на Кирил Џајковски

За прв пат во живо со голем филмски оркестар премиерно ќе се одржи концерт на филмска музика на Кирил Џајковски. Неговата работа како композитор на музика за филм беше придружен елемент на многу домашни и интернационални филмови меѓу кои: „Големата вода“ (за која доби награда за најдобра музика на филмскиот фестивал во Валенсија, Шпанија), „Прашина“, „Сенки“, „Балканот не е мртов“, „Врба“, „One more game“, „Бал-кан-кан“, „Piargy“, „Трето полувреме“ и многу други. На концертот Кирил Џајковски придружуван со 30-член оркестар под диригентската палка на Џијан Емин ќе ги изведе легендарните музички теми кои беа неизоставен дел од овие филмски остварувања.

Освен што е еден од најценетите електронски артисти од регионот тој е и успешен композитор на филмска и театарска музика. Овој концерт претставува своевидна ретроспектива на 25-годишната филмска работа на Кирил Џајковски. Филмската музика на Кирил не само што ги надополнува и издига филмските сцени, таа и живее независно од филмот. Овој концерт ќе биде одлична можност еден од најпродуктивните композитори на музика за филм на Балканот, пред македонската публика да го претстави својот извонредно големи и значаен опус.

Концертот e замислен како посебно аудио и визуелно доживување, а ќе се реализира на 6ти април 2025г. во големата сала на Националната опера и балет со почеток во 20 часот. Картите се во продажба на MKTickets .

Овој проект се реализира со поддршка на Генералниот спонзор Комерцијална банка АД Скопје, спонзорот Зегин, а проектот е поддржан и од Министерството за култура и туризам.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП