26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЧичарито се најде на списокот на Венгер

Чичарито се најде на списокот на Венгер

Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер прави обиди да ја привлече ѕвездата на Ливерпул Луис Суарез, но со отворањето на трансфер прозорецот Французинот ќе атакува кон друг играч од конкурентите на „топџиите“.

Од почетокот на сезоната Венгер смета во нападот само на Оливие Жиру, затоа менаџерот на лондонскиот тим има во план да упати изненадувачка понуда за Хавиер Хернандез – Чичарито.

Мексиканецoт не е задоволен од улогата на резерва во Манчестер Јунајтед, а во конкуренција на Робин ван Перси и Вејн Руни нема изгледна ситуацијата наскоро тоа да се промени во негова корист. Венгер е загрижен дека Жиру нема да издржи физички, бидејќи тој влегува како стартер во секој од натпреварите на Арсенал во првенството и Лигата на Шампионите. Евентуална негова повреда може да го остави тимот без доволно опции во нападот.

Арсенал се интересира и за десниот бек на Монако, Фабињо. Бразилецот, кој е во сопственост на португалскиот Рио Аве, се претставува во одлично светло во тимот од кнежевството. Како што е познато , Бакари Сања може да го напушти „Емирати“ во текот на летото и Венгер се надева што е можно поскоро да си обезбеди негов заменик.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП