19 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗFiat Punto се враќа во голем стил?

Fiat Punto се враќа во голем стил?

„Punto“ отсуствува од гамата на марката „Fiat“ од 2018-та година, но новите изјави на шефот на брендот Оливие Франсоа може да навестат враќање на овој популарен модел.

Франсоа рече дека новото „Punto“ може да функционира како „елегантен спортски хечбек за ерата на електрификација“, иако нагласи дека таков модел моментално не е во развој.

„Fiat 600“ го означи враќањето на компанијата во Б-сегментот, а му се придружи и „Fiat Grande Panda“, пополнувајќи го просторот некогаш окупиран од „Punto“.

Сепак, италијанскиот бренд не го отфрли целосно враќањето на популарниот модел.

„Да имавме елегантно и спортско „Punto“, тоа би било многу поврзано со иднината на електрификацијата“, изјави Франсоа за„ Autocar“.

Извршниот директор на „Fiat“ јасно стави до знаење дека новото „Punto“ не е во тековните планови на компанијата, но дека тие се „подготвени да одговорат на секоја промена на пазарот“.

Најверојатното сценарио за идното „Fiat Punto“ би било „STLA Small“ архитектурата („Peugeot 208“, „Opel Corsa“ и „Lancia Ypsilon“), но тоа би го ставило во конкуренција со голем број слични автомобили од „Stellantis“.

Вреди да се напомене дека Франсоа беше одговорен за откажување на наследникот на „Punto“ кога го презеде „Fiat“ во 2011-та година.

Тој го опиша откажаниот модел велејќи дека „изгледа добро, но не е ништо посебно“. Исто така, Франсоа тогаш изјави дека сака „глобален модел што може да се продава во огромни количини“, што е полесно да се постигне со кросовер или теренец, наместо со мал хечбек.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП