30 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAllianz објави 6.3 проценти раст во добивката за третиот квартал

Allianz објави 6.3 проценти раст во добивката за третиот квартал

Германската осигурителна компанија „Allianz“ објави 6.3 проценти раст во добивката за третиот квартал или до 1.45 милијарди евра, што беше малку повеќе од очекувањата од страна на аналитичарите кои предвидоа дека финансискиот резултат ќе биде во износ од 1.41 милијарди евра.

„Allianz“ забележа 2.5 милијарди евра оперативна добивка и објави дека очекуваат оперативен профит од малку над 9.7 милијарди евра за 2013-та година, што е над првичниот нивни таргет од 9.2 милијарди евра. Во соопштението од компанијата се вели дека оперативната добивка од осигурувањето на „Капиталот“ и „Несреќа“ се зголемил и покрај поплавите во Европа во јули и август.

Главниот финансиски директор на компанијата Дитер Вемер сподели дека групацијата е задоволна од првите три квартали од годината, но ќе преземе акција во четвртиот квартал за да гарантира дека е подготвена за 2014-та година. Вемер вели дека економските проблеми на еврозоната се уште не се завршени, но забележува во врска со намалувањето на кредитниот рејтинг на Франција и дека сите сигнали кои ја тераат земјата да започне и да продолжат со реформите се важни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП