16 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПриговорите до АЕК ќе може да се испраќаат електронски

Приговорите до АЕК ќе може да се испраќаат електронски

20130131-185225.jpg

Граѓаните можат да поднесат приговор и по електронски пат до Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) за услугите од операторите на веб страницата www.komuniciraj.mk. Досега имаше опции само за испраќање документи преку пошта или лично во просториите на регулаторното тело.

Раководството на АЕК денеска на прес-конференција оцени дека со електронскиот приговор се поедноставува и олеснува целата постапка со цел заштита на корисниците и побрзо решавање на приговорите.

– Досега бевме затрупани со голем број приговори формално поднесени во печатена форма и сакаме од денеска да ги стимулираме граѓаните приговорите да ги поднесуваат преку нашиот портал comuniciraj.mk при што ќе се добие во брзина, ефикасност и ќе добијат побргу одговор на своите приговори. Граѓаните ќе можат да ги поднесуваат приговорите од дома, а истовремено поттикнуваме користење интернет, рече Роберт Орданоски, директор на АЕК.

За поднесување електронски приговор корисникот првин треба да креира свој профил на www.komuniciraj.mk преку корисничко име и лозинка. Преку профилот пополнува формулар за поднесување приговор, при што ги приложува и сите документи поврзани со приговорот, како и веќе одбиениот приговор од операторот од чија услуга се жали. Откако ќе го добие приговорот АЕК го разгледува и ако утврди дека операторот неосновано го отфрлил приговорот од корисникот, презема соодветни санкции.

Анализата на АЕК покажала пораст за 10 проценти на бројот на приговори откако службите од контакт центарот на Агенцијата ги информирале граѓаните што се обратиле до нив и за опцијата е-приговор. Во изминатите три години постојано се зголемува бројот на приговори до АЕК. Во 2010 година имало 400 приговори, во 2011 година 700, а до ноември лани 1.300. Приговорите претежно се однесуваат на високи телефонски сметки, користење услуги од операторот што не се во согласност со договорот кој корисникот го потпишал со операторот, брзината на интернет…. Процедурата за одговор и решавање приговор, според АЕК, трае 19 дена.

– Нашата цел е задоволни крајни корисници, но и да ги натераме операторите да посветат поголемо внимание на своите корисници. Ние сме крајната инстанца и кај нас би требало да се обраќаат кога веќе ќе ги исцрпат сите правни можности да си го решат приговорот со самиот оператор. Но, наидуваме на ситуации кога граѓните не се задоволни од одност на оператор и практично доаѓаат кај нас од очај. Ние сме подготвени да разговараме со нив и да им кажеме кои се нивните законски права, рече Орданоски.

АЕК, укажа, покрај корективно, делува и превентивно за граѓаните да бидат информирани и да знаат што потпишуваат кога склучуваат договор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП