
Овен (21.03 – 20.04)
Размислувате за тоа да започнете да правите големи и драстични промени кога станува збор за работата. Промена на средината позитивно ќе делува на вашата кариера. Доколку сте во брак можни се помали конфликти.

Бик (21.04 – 21.05)
Размислувате за некои идеи кои и претходно сте ги имале, но не сте ги реализирале. Сега имате прилика тоа да го промените. Доколку сте слободни можете да очекувате прилика за необврзувачки флерт.

Близнаци (22.05 – 22.06)
Можете да очекувате прилика да ги обавите задачите кои ви се дадени, без никакви грешки. Надредените ќе бидат задоволни. Уживајте во заедничките моменти со партнерот.

Рак (22.06 – 22.07)
Поведете сметка да ги избегнете недоразбирањата кои можат да се случат на деловен план. Нема потреба пред партнерот да глумите било што, бидете искрени.

Лав (23.07 – 22.08)
Денес е важно да не се расправате и да се покажете во посуптилно светло. Дадете го својот максимум. Во моментот ви одговара да бидете сами. Не сакате љубовни возбудувања.

Девица (23.08 – 22.09)
Можете да очекувате позитивна деловна соработка со некоја Шкорпија. Оние кои се сами ќе остават добар впечаток на личноста која им се допаѓа. Ќе имаат одлична прилика да ја освојат.

Вага (23.09 – 22.10)
Постојат работи кои не можете да ги решите. Немојте да бегате од одговорноста, туку разговарајте со надредените. На вас ви е ред да покажете колкава поддршка сте му на партнерот.

Шкорпија (23.10 – 21.11)
Можете да очекувате многу успешен ден ако им се посветите на задачите до максимум. Кога сте со партнерот покажете ги своите емоции, немате што да криете.

Стрелец (22.11 – 21.12)
Барате начин да остварите подобра заработка. Можеби нема да се случи веднаш, но не се откажувајте, бидете упорни. Лесно ќе влегувате во конфликт со саканото лице.

Јарец (22.12 – 20.01)
Денес ќе бидете во многу позитивна деловна атмосфера. Ќе ви се случат некои добри промени. Подготвени сте и за поголеми случувања на љубовен план, па кажете му го тоа на партнерот.

Водолија (21.01 – 19.02)
Можете да очекувате прилично мирна ситуација на деловен план. Доколку сакате да ја освоите личноста која ви се допаѓа денес е идеален ден за тоа. Преземете ги чекорите.

Риби (20.02 – 20.03)
Покажете колку сте искусни и снаодливи при ивршувањето на задачите. Некој од соработниците ќе биде воодушевен. Оние кои се сами ќе уживаат во слободата, оние во врска ќе уживаат во хармонијата.