
Овен (21.03 – 20.04)
Здраствените проблеми ќе ве вознемируваат, но наместо да се плашите добро би било да одите кај вашиот лекар и да добиете адекватен одговор. Ќе видите дека ситуацијата не е таква каква што замислувате. Помалку сте хипохондрични.

Бик (21.04 – 21.05)
Убаво разгледајте ја целата ситуација пред изработувањето на планот. Поради должности овој викенд воопшто ќе немате време за забава. Многу важно во моментот е да соработувате и да ги послушате советите од поискусни луѓе.

Близнаци (22.05 – 22.06)
Ќе профитирате од добро осмислената работа со колегата од компанијата. Парите нема да ги добиете веднаш, но сепак ќе дојдат. На сите слободни им се препорачува посериозно да тргнат во потрага по идеалниот партнер.

Рак (22.06 – 22.07)
Што се однесува до работата, можен е некој вид на награда или неочекувана исплата за добро обавената работа. Бидете подготвени на вистински начин да инвестирате во иднината. Во љубовта повеќе ќе се двоумите отколку што ќе уживате.

Лав (23.07 – 22.08)
Малку ви здосадила работата со која се бавите. Слободното време искористете го конструктивно, посветете му се на семејството во кое ќе дојде до позитивен пресврт. Имате поддршка од страна на партнерот.

Девица (23.08 – 22.09)
По работното време кое ќе ви помине вообичаено, посветете им се на пријателите. Не планирајте премногу настани, само оние кои ви се допаѓаат. Бидете практични викендов, ќе постојат ситни проблеми за кои ви е потребна практичност.

Вага (23.09 – 22.10)
Задоволни сте од паричната ситуација, нешто ќе ве натера да се залагате уште повеќе. Партнерот ќе ви биде голема поддршка. Не се прејадувајте, можни се стомачни проблеми.

Шкорпија (23.10 – 21.11)
Некој во прилична мера ве исцрпува со неговата неодлучност. Време е да се завртите кон себе и своите потреби. Тврдоглавоста и ладниот став нема да ви помогнат во љубовното поле.

Стрелец (22.11 – 21.12)
Некој близок на вас многу ќе ви помогне. Можен е успех, само би требало да бидете далеку поамбициозни и посконцентрирани на она што го работите. Ве оптеретува нерасчистениот однос со партнерот.

Јарец (22.12 – 20.01)
Избегнете ја личноста која ви донесува дополнителна нервоза или негативно расположение во вашето опкружување. Партнерот нешто ви премолчува, но вие не обрнувате внимание на тоа. Време е да започнете да читате меѓу редови.

Водолија (21.01 – 19.02)
Имате доста обврски, но викендов не сте расположени за работа. Некое женско лице ќе ви помогне. Не го запоставувајте приватниот живот поради деловниот.

Риби (20.02 – 20.03)
Здраствените проблеми ќе ве вознемируваат, но наместо да се плашите добро би било да одите кај вашиот лекар и да добиете адекватен одговор. Ќе видите дека ситуацијата не е таква каква што замислувате. Помалку сте хипохондрични.