„Honda Jazz“ останува на врвот на листата на најсигурни половни автомобили за 2024-та година, покажуваат податоците на британската компанија „Warranti Solutions Group“.
Наодите се засноваат на примерок од 5.000 барања за поправка на возила платени од компанијата во периодот од 1-ви јануари до 31-ви декември 2024-та година, за сите класи на користени автомобили.
За да се обезбеди правична анализа, податоците ги исклучија сите модели со помалку од 300 продадени единици низ дилерската мрежа на „WSG“.
„Honda Jazz“ останува на првото место како најсигурен модел, со импресивно ниска стапка на отштета за осигурување од само 2,6 проценти.
Трите најчести тврдења за „Jazz“ беа мотори за стартер, замена на батерии и компресори за климатизација, пренесува веб-страницата „AM Online“.
На второ место е „Toyota Yaris“, со стапка на штети од 2,94 отсто, додека „Volkswagen T-Roc“ е трет со стапка на штети од 3,05 отсто.
Инаку, до истиот резултат дојде и германската професионална организација „TÜV“ кога се работи за „Jazz“.
„Honda Jazz“ ја доби златната значка за 2025-та година од „TÜV“, бидејќи само 2,4 проценти од овие јапонски автомобили „се истакнуваат“ со значителни дефекти кога одат на првиот технички преглед, со просечни 28.000 километри.
На тој начин „Jazz“ е подобар од минатогодишниот победник „VW Golf Sportsvan“, кој сега е на второто место (2,5 проценти). После тоа следат „Audi Q2“ и „Porsche 911 Carrera“ доаѓаат со 2,6 проценти дефекти/неисправности.