Јапонскиот сопственик на глобалниот синџир за облека „Uniqlo“ објави дека оперативниот профит во првиот квартал пораснал за 7,4 отсто, што е солиден почеток на неговиот план да постигне рекорден профит четврта година по ред, пренесе „Reuters“.
„Fast Retailing“ соопшти дека оперативниот профит достигна 157,6 милијарди јени (996,84 милиони долари) во трите месеци до крајот на ноември.
За споредба, добивката изнесува 146,6 милијарди јени една година порано. Резултатот е сè уште под консензусната проценка во анкетата на „LSEG“ на шест аналитичари од 160 милијарди јени.
„Fast Retailing“ ја задржа прогнозата за годишен оперативен профит од 530 милијарди долари јени по рекордниот профит од 500,9 милијарди јени во минатата година.
Познат по своите евтини, издржливи тренерки и памучни маици, „Fast Retailing“ долго време се смета за репер за потрошувачката во Јапонија и, некое време, во Кина, каде што има повеќе од 900 продавници на „Uniqlo“.
Домашната продажба во Јапонија е поттикната од растот на купувањето без царина во услови на туристички бум во земјата, поттикнат од слабиот јен.
Сепак, растот на продажбата во Кина забавува, што ја натера компанијата да го намали бројот на планирани нови продавници и да усвои стратегија за редизајнирање на продавници со слаби перформанси.
Подобрените профитни маржи и меѓународната популарност на брендот ги поддржаа рекордните резултати минатата година.