21 април, 2025
ПочетнаХОРОСКОПВикенд хороскоп 01-02.02.2025

Викенд хороскоп 01-02.02.2025

Овен (21.03 – 20.04)

Убаво разгледајте ја целата ситуација пред изработувањето на планот. Поради должности овој викенд воопшто ќе немате време за забава. Многу важно во моментот е да соработувате и да ги послушате советите од поискусни луѓе.

Бик (21.04 – 21.05)

Некој во прилична мера ве исцрпува со неговата неодлучност. Време е да се завртите кон себе и своите потреби. Тврдоглавоста и ладниот став нема да ви помогнат во љубовното поле.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Ќе профитирате од добро осмислената работа со колегата од компанијата. Парите нема да ги добиете веднаш, но сепак ќе дојдат. На сите слободни им се препорачува посериозно да тргнат во потрага по идеалниот партнер.

Рак (22.06 – 22.07)

Задоволни сте од паричната ситуација, но нешто ќе ве натера да се залагате уште повеќе. Партнерот ќе ви биде голема поддршка. Не се прејадувајте, можни се стомачни проблеми.

Лав (23.07 – 22.08)

Малку ви здосадила работата со која се бавите. Слободното време искористете го конструктивно, посветете му се на семејството во кое ќе дојде до позитивен пресврт. Имате поддршка од страна на партнерот.

Девица (23.08 – 22.09)

По работното време кое ќе ви помине вообичаено, посветете им се на пријателите. Не планирајте премногу настани, само оние кои ви се допаѓаат. Бидете практични викендов, ќе постојат ситни проблеми за кои ви е потребна практичност.

Вага (23.09 – 22.10)

Што се однесува до работата, можен е некој вид на награда или неочекувана исплата за добро обавената работа. Бидете подготвени на вистински начин да инвестирате во иднината. Во љубовта повеќе ќе се двоумите отколку што ќе уживате.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Избегнете ја личноста која ви носи дополнителна нервоза или негативно расположение во вашето опкружување. Партнерот нешто ви премолчува, но вие не обрнувате внимание на тоа. Време е да започнете да читате меѓу редови.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Некој близок на вас многу ќе ви помогне. Можен е успех, само би требало да бидете далеку поамбициозни и посконцентрирани на она што го работите. Ве оптеретува нерасчистениот однос со партнерот.

Јарец (22.12 – 20.01)

Здраствените проблеми ќе ве вознемируваат, но наместо да се плашите добро би било да одите кај вашиот лекар и да добиете адекватен одговор. Ќе видите дека ситуацијата не е таква каква што замислувате. Помалку сте хипохондрични.

Водолија (21.01 – 19.02)

Имате доста обврски, но викендов не сте расположени за работа. Некое женско лице ќе ви помогне. Не го запоставувајте приватниот живот поради деловниот.

Риби (20.02 – 20.03)

Комуникативни сте. Потрудете се добро да се претставите и да остварите нови контакти кои ќе ви помогнат во работата. Закажете средба и дружење со роднините.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП