19 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗПристигнува најбрзиот модел на „Cadillac“ во историјата (ВИДЕО)

Пристигнува најбрзиот модел на „Cadillac“ во историјата (ВИДЕО)

Пристигнува новиот „Cadillac Lyriq-V“ кој го најавуваат како вистински „луксузен ѕвер“ бидејќи доаѓа како најбрзиот модел на оваа марка во историјата.

Според најавите, не само што е првиот целосно електричен „Cadillac“ што ја носи значката „V“, туку е и најбрзиот модел што брендот некогаш го направил.

Станува збор за автомобил со два мотори, кои се доволни за 615 ks и 885 Nm максимален вртежен момент.

Сето ова е доволно за новиот „Lyric-V“ да забрза од 0 до 100 km/h за само 3,3 секунди во режимот „Velocity Max“, што е за 0,1 секунда побрзо од „CT5-V Blackwing“ кој има SUS мотор, пренесува „Autoblog“.

И покрај тежината од околу 2.700 килограми, овој модел има батерија од 102 kWh што е доволна за автономија од 460 километри со едно полнење, а дополнителни 120 километри досег може да се овозможат за само 10 минути со брзо полнење.

„Cadillac“ вклучи три начини на возење за клиентите да имаат најдобро можно искуство: Конкуренција, која ја зголемува агилноста на возилото, „V-Mode“, кој овозможува перформансите на возилото подобро да се прилагодат на возачот и на крајот, „Velocity Max“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП