2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКагава за Ројс?

Кагава за Ројс?

Според информациите кои пристигнуваат од Островот на повидок е замена меѓу Манчестер Јунајтед и Борусија Дортмунд, која ќе ги вклучи Шинџи Кагава и Марко Ројс.

Кагава под дирегентската палка на Дејвид Мојс не добива премногу простор во првиот тим на шампионот на Англија.

Иако „црвените ѓаволи“ имаат проблем на позицијата класична „десетка“, Мојс недоволно му дава шанса на Кагава да се покаже на таа позиција, за која се верува дека може многу да понуди.

За да ја подобри формата пред Светското првенство во Бразил, Кагава сериозно размислува за заминување од клубот, а како комбинација се споменува и потенцијалното враќање „дома“ во Дортмунд.

Англиските медиуми тврдат дека Дејвид Мојс е подготвен да го вклучи Кагава во своевидна размена за Марко Ројс, фудбалер кој во својот договор има откупна клаузула во износ од 35 милиони евра. Мојс би бил подготвен да го понуди Кагава и плус одредена сума на пари, па така во Дортмунд да го земени едниот миленик на навивачите со друг.

Сепак, со оглед дека наскоро ќе загубат уште една ѕвезда во тимот, Роберт Левандовски, а пред тоа и Марио Гетце, се поставува прашањето дали Јирген Клоп е расположен да се збогува и со третиот клучен играч во својот тим.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП