
Овен (21.03 – 20.04)
Потребно е максимално да им бидете посветени на своите обрвски ако сакате да остварите успех. Во љубовта на многу Бикови ќе им се случи ново познанство.

Бик (21.04 – 21.05)
Потребна ви е поддршка за да можете да ги остварите сите свои планови. Но, бидете малку трпеливи. Во љубовта ќе ви се допадне некое нежно и романтично лице.

Близнаци (22.05 – 22.06)
Сте успеале да ги надминете препреките кои сте ги имале и горди сте на себе поради тоа. Во љубовта ќе наидете на разбирање и емотивна поврзаност од партнерот.

Рак (22.06 – 22.07)
Не би требало да имате било какви проблеми на деловен план. Пред вас е генерално добар ден. Во љубовта слободните ги очекува интересна авантура со некое посебно лице.

Лав (23.07 – 22.08)
Ќе бидете задоволни со исходот од работата во која сте вложиле многу труд и енергија. Можете да сметате на генерално добар ден. Во љубовта ќе бидете во потрага по партнер за сериозна врска или брак.

Девица (23.08 – 22.09)
Ве очекува ден во кој ќе имате помалку обврски отколку што сте очекувале. Ви претстојат позитивни изненадувања. Во љубовта мечтаете за некое лице кое многу ви се допаѓа.

Вага (23.09 – 22.10)
Ќе дојдете до успехот кој го посакувате со помош на една важна личност. Многу поволен период за работа. Во љубовта можно е да не сте сосема сигурни во некоја емотивна одлука.

Шкорпија (23.10 – 21.11)
Ви следат деловни пресврти кои не сте ги очекувале. Сепак ќе успеете добро да се снајдете во се. Во љубовта очекувајте убави моменти со лицето кое ви се допаѓа.

Стрелец (22.11 – 21.12)
Можете да очекувате промени во деловното опкружување. Пред вас е период во кој ќе се случат многу нешта. Во љубовта не се чувствате баш најдобро со лицето со кое во моментов сте во врска, променете нешто.

Јарец (22.12 – 20.01)
Можете да реализирате бројни работи кои сте ги имале во план. Ве очекува поволна деловна ситуација. Во љубовта отворено ги покажувате своите емоции кон лицето кое неодамна сте го запознале.

Водолија (21.01 – 19.02)
Прилично сте незаинтересирани за деловните обврски кои чекаат на вас. Ќе им бидете посветени на некои други нешта. Во љубовта можно е некое ново лице да ви се приближи на романтичен начин.

Риби (20.02 – 20.03)
Пред вас е можност да се одморите од работата и да им се посветите на некои работи кои неодамна сте ги започнале.