19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИNovartis дели откази

Novartis дели откази

novartis1

Швајцарската фармацевтска компанија „Novartis“ има намера да затвори 440 работни места во Велика Британија, а оваа мерка ќе го погоди истражувачкиот центар во Хоршам, како и секторот за маркетинг и продажба во Фрајмлеј.

Швајцарскиот фармацевтски гигант ги потврди информациите кои ги објави порталот „FierceBiotech“ за намерата за намалување на активностите во Велика Британија и затворањето на 440 од 950 работни места во филијалите во Хоршам и Фрајмлеј, согласно со најавите во март 2011 година, пренесува агенцијата АФП.

„Novartis“ во Велика Британија вработува околу 3.000 лица, а 128.000 лица во целиот свет, односно во 140 земји.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП