
Овен (21.03 – 20.04)
Успевате на не баш лесен начин да откриете каде се крие проблемот. Во вашиот живот ќе се појави личност која ќе ве маѓепса со својот интелект, образование, а особено со невообичаениот начин на живот. Здравјето е добро, ве одржува добрата кондиција.

Бик (21.04 – 21.05)
Ефикасноста и интелигенцијата се ваши квалитети кои ќе бидат забележани од некоја личност која е многу важна за вашата кариера. Ве очекува добар период. Една препрека на љубовен план ќе ви ги поремети плановите. Можни се проблеми со тироидната жлезда.

Близнаци (22.05 – 22.06)
Доколку ја послушате својата интуиција ќе успеете да започнете со некоја нова и добра работа. Вашиот емотивен живот ќе биде многу возбудлив, полн со љубов, страсти, предизвици, романтика, љубомора. Чувајте се од промаја, можна е мигрена.

Рак (22.06 – 22.07)
Имате голема поддршка од пријателите за да го реализирате замисленото. Опуштете се, отворете се и ослободете се од внатрешните кочници на недоверба и уживајте во она што ви го нуди животот. Потребен ви е подолг сон.

Лав (23.07 – 22.08)
Успевате да ја вратите загубената самодоверба. Опуштете се и работете го тоа што ви одговара и никако не се исцрпувајте преку мера. На партнерот секогаш гарантирајте му добар провод, добро ќе се чувствувате. Во голема мера сте виновни за нарушеното здравје.

Девица (23.08 – 22.09)
Поседувате апсолутна подготвеност но и поддршка да се соочите со сите потешкотии. Бидете мудри и одржувајте ја љубовта која ви се нуди, бидејќи ќе ви донесе голема среќа во иднина. Можни се проблеми со грбот и зглобовите.

Вага (23.09 – 22.10)
Напнатоста може да ви ја оневозможи шансата да влезете во нови деловни предизвици. Премногу сте недоверливи. Љубовта ви е во моментов во втор план, го занемарувате партнерот. Немате волја било што да промените кога станува збор за здравјето.

Шкорпија (23.10 – 21.11)
Преземете одговорност за се што ви се нуди. Подобро е да почекате поповолен момент за било што ново. Се повлекувате во својот свет, го занемарувате партнерот. Проблеми со органите за варење, променете го начинот на исхрана.

Стрелец (22.11 – 21.12)
Не сакате на никого да му се правдате за своите постапки. Избегувајте ги кавгите со партнерот, дури и ако мислите дека сте во право, бидејќи само ќе изгубите време и ќе се оптеретите беспотребно. Избегнувајте масна храна.

Јарец (22.12 – 20.01)
Свесни сте за својата интелигенција и се однесувате супериорно. Понекогаш е потребно малку да се опуштите. Во односот со партнерот ќе дојде до мали проблеми, контролирајте ја својата импулсивност и неоснованата љубомора. Не успевате да се одморите.

Водолија (21.01 – 19.02)
Ве очекуваат добивки, кои дополнително ќе ве мотивираат за работа. Финансиите се поправаат. Многумина од вас ќе започнат љубовни приказни кои ќе ги крунисаат со брак. Среќата ви се насмевнува. Вашата концентрација е лоша.

Риби (20.02 – 20.03)
Не очекувате подобрување на некоја ситуација која ве загрижува и поради тоа лошо се чувствувате. Финансиите стагнираат. Можен е конфликт со претпоставениот. Со ароганцијата ќе предизвикате ладење на одностите со партнерот. Можни се осцилации на крвниот притисок.