14 јануари, 2025
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„OnePlus 13“ пристигнува во Европа со „елитен“ процесор и моќна батерија

„OnePlus 13“ пристигнува во Европа со „елитен“ процесор и моќна батерија

„OnePlus 13“ беше лансиран во Кина пред два месеци, а сега пристигнува и глобално. Телефонот е украсен со врвниот „Snapdragon 8 Elite“, како и солидни останати спецификации.

Основната варијанта на телефонот, која има 12GB RAM и 256GB простор за складирање податоци, пристигнува во Европа по цена од 999 евра. Посилниот модел, со 16 GB меморија и 512 GB простор, ќе чини 1.049 евра.

Во споредба со претходната генерација, „OnePlus 13“ доаѓа со подобрувања на сите полиња. Екранот (произведен од BOE) ја задржува големината од 6,82 инчи и резолуцијата од 1440 p, но сега е посветол.

Покрај тоа, на задната страна има нова телефото и ултра широка камера. Сите три сензори, вклучувајќи го и главниот, нудат резолуција од 50 MP.

Веројатно најимпресивната промена на телефонот е неговата дебелина. „OnePlus 13“ е дебел помалку од девет милиметри, и покрај тоа што користи голема батерија од 6.000 mAh.

Друго подобрување се сертификатите IP68/IP69, па освен заштита од прашина и вода, „OnePlus 13“ е сертифициран и за заштита од млазови на вода под висок притисок, како чистење со пареа и слично.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП