
Овен (21.03 – 20.04)
Некоја деловна прилика ќе биде пред вас, а вие со сета сила обидете се да ја искористите. Ризикувајте и нема што да загубите. Потребна ви е стабилна и сигурна врска, кажете му го тоа на партнерот.

Бик (21.04 – 21.05)
Конечно ќе ви се исплати се што сте направиле во изминатиов период. Флертувате каде и да тргнете. Уживате во вниманието. Саканото лице може да биде повредено.

Близнаци (22.05 – 22.06)
Ќе бидете нетрпеливи да ги слушнете новитетите од следниот состанок. Но, сепак ќе треба малку да почекате. Мечтаете за тоа на саканото лице да му кажете се што ви лежи на срце но никако да соберете доволно храброст за тоа.

Рак (22.06 – 22.07)
Престанете да се потпирате на среќата, кога станува збор за работните обврски. Ве очекува драстична промена на љубовен план. Можни се мали проблеми со грбот.

Лав (23.07 – 22.08)
Кај вас ќе биде нагласена нервозата, па поради тоа лесно можете да направите нови грешки на работното место. Во љубовта ви следи прекин на некоја емотивна врска, денот ќе биде особено тежок за мажите.

Девица (23.08 – 22.09)
Ве очекува ненадеен сплет на околностите во кои можете да остварите голема заработка. Можете да очекувате многу интересни нови љубовни случувања. Ве очекува слатко возбудување.

Вага (23.09 – 22.10)
Ве очекува прилика да го видите вистинското лице на некој од вашите блиски соработници. Можно е да бидете изненадени. Неочекувано ќе добиете големо и многу искрено признание од саканото лице за љубовта кон вас.

Шкорпија (23.10 – 21.11)
Ве очекува значително поволен паричен период. Инвестирајте пари во нешто корисно. Партнерот полека започнува да има доверба во вас. Немојте да го изневерите.

Стрелец (22.11 – 21.12)
Можно е да зажалите бидејќи сте откажале некоја деловна соработка. Не се грижете, периодот ќе биде премногу погоден, барем кога станува збор за работата. На љубовното поле ви се допаѓа некоја личност која е помлада од вас.

Јарец (22.12 – 20.01)
Ве очекуваат лоши вести поврзани со некои недвижнини или земјиште. Во љубовта не се чувствувате сигурно и сакано покрај вашиот партнер. Во вашиот однос преовладува тензија.

Водолија (21.01 – 19.02)
Внимавајте на деловните состаноци да не ве надвладее тремата, па да изгледате чудно пред колегите и соработниците. Многу е важно да поработите на својата несигурност. Ќе се појават несогласувања со партнерот.

Риби (20.02 – 20.03)
Имате чувство дека ви е многу тешко да се истакнете. Не се грижете, ќе дојдат и вашите 5 минути. Не ви се допаѓа ставот на саканото лице кон вас. Можна е сериозна расправа.