18 април, 2025
ПочетнаКУЛТУРААлександар Тарабунов со нова песна - „Снегови“(ВИДЕО)

Александар Тарабунов со нова песна – „Снегови“(ВИДЕО)

Нашиот познат поп-пејач Александар Тарабунов ја објави својата најнова песна, за која вели дека е најискрената досега.

“Со огромна радост ви ја претставувам мојата најнова песна „Снегови“, која ја сметам за најискрената композиција во мојата досегашна кариера. Оваа песна претставува не само дел од мојата уметничка душа, туку и најава за возбудливи проекти што допрва доаѓаат. Новиот и вистинскиот јас”, вели Тарабунов.

“Како комплетен автор на „Снегови“, горд сум што токму на најголемиот христијански празник – Божиќ, оваа песна ја пуштив во етер, носејќи ја топлината и магијата на празничниот дух до сите вас”, додава Тарабунов.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП