9 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЕриксон очекува стабилен раст на пазарот до 2016-та

Ериксон очекува стабилен раст на пазарот до 2016-та

eriksoni

Најголемиот производител на мобилни мрежи во светот Ериксон објави дека очекува стабилен раст на пазарите за телекомуникациска опрема и услуги во следните неколку години.

На презентацијата за инвеститорите, шведската компанија изјави дека очекува годишен раст на пазарот за мрежна опрема од три до пет проценти во периодот од 2012-та година до 2016-та година.

Телекомуникацискиот пазар би требал во споменатиот период да има раст од 5 до 7 проценти, а пазарот на услуги за поддршка на клиенти меѓу девет и 11 проценти. Пред една година, тие ги објавија истите прогнози за раст за периодот од 2012-та до 2015-та година.

„Стабилен раст се очекува во сите области, без големи промени во нумеричките вредности на клучната годишна стапка на раст (CAGR) во однос на минатата година“, објави компанијата во соопштението во пресрет на годишниот состанок со инвеститорите.

Клучните сегменти на целокупниот пазар на опремата би требале да имаат раст од шест проценти годишно од 2012-та до 2016-та година, проценуваат во Ериксон.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП