
Овен (21.03 – 20.04)
Вашето присуство е пожелно на секоја забава. Од вас зависи дали вечерта ќе ја искористите да се запознаете подобро со некое лице кое ви се допаѓа. Вашата духовитост многу ќе ви помогне.

Бик (21.04 – 21.05)
Своите стравови најмногу ги проектирате на женскиот дел од семејството. Интензивното размислување за секој детал ве исцрпува. Вашата потреба на сите да им удоволите домашните ја чувствуваат како притисок.

Близнаци (22.05 – 22.06)
Губите времe на организирање на патот, а не сте сигурни дали е се изводливо. Суштинските работи не сте ги довршиле. Проверете ги документите, условите за патување како и средствата кои ви се потребни.

Рак (22.06 – 22.07)
Ве нервира тоа што својата околина сте ја научиле вие да сте иницијатор за се. Расположението ви е такво што денес повеќе би сакале одговорноста да ја преземе некој друг, а вашата задача да биде весел гостин кој треба добро да си помине.

Лав (23.07 – 22.08)
Секогаш можете да избирате меѓу две работи. Потрудете се да го искористите слободното време квалитетно ако сакате да се наполните со енергија. Инвентивноста ви помага со леснотија да организирате одлична забава.

Девица (23.08 – 22.09)
Самоувереноста и наметнувачкиот став ја иритираат околината, која веќе долго има трпение за сите ваши гафови. Доколку не се приберете, можно е да доживеете многу непријатна ситуација од која ќе се извлечете повредени.

Вага (23.09 – 22.10)
На вашиот партнер му пречи монотонијата во која сте западнале. Иако сте расположени за друштво, не сте доволно подготвени за престој во големо друштво и маса непознати луѓе. Ако нaправите компромис, ве очекува романтична вечера полна со нежноста која ви недостасуваше.

Шкорпија (23.10 – 21.11)
Секогаш можете да избирате меѓу две работи. Потрудете се да го искористите слободното време квалитетно ако сакате да се наполните со енергија. Инвентивноста ви помага со леснотија да организирате одлична забава.

Стрелец (22.11 – 21.12)
Преокупирани сте со други проблеми па овој ден за вас е како и секој друг. Саканото лице се обидува да ви соопшти нешто важно, но вие не го забележувате тоа. Поминете си го убаво овој ден, а за тоа е потребно да ги исфрлите сите финансии од главата.

Јарец (22.12 – 20.01)
За вас секоја активност, всушност, е работа. Со радост го прифаќате организирањето на прослави во кои главно учествуваат луѓето со кои сте многу поврзани. Опуштете се малку, перфекционизмот не ви помага.

Водолија (21.01 – 19.02)
За вас ова е добар ден како и секој друг. Уморни сте од темпото кое го држите некое време, па ќе сакате нешто да промените. Не го обвинувајте партнерот за ситници, поминете си убаво денес.

Риби (20.02 – 20.03)
До вас ќе дојде поттик од сосема неочекувано лице. Време е да се релаксирате, но не со големи колич