По повод новогодишните празници, во дирекцијата на ЕВН Македонија за прв пат се одржа донаторски базар под мотото „Да бидеме хумани“. Настанот беше по идеја, иницијатива и организација на вработените на компанијата.
На базарот му претходеше собирање на донации во материјални добра, а за време на истиот донациите ги купуваа останатите колеги. Продадени беа над 150 предмети, облека, покуќнина и лични изработки.
Паричните средства ќе бидат донирани во хуманитарни цели.








