
Овен (21.03 – 20.04)
Доколку се бавите со приватна работа можете да очекувате ненадејно подобрување на овој план. Кога станува збор за љубовта ве очекува прилика за емоции со личност која до скоро била само ваш пријател.

Бик (21.04 – 21.05)
Нема да ви биде воопшто тешко максимално да и се посветите на работата, иако ќе имате и многу други обврски. Љубовната ситуација за сега е стабилна, нема да се случат некои големи промени.

Близнаци (22.05 – 22.06)
Можно е да не ви биде баш толку лесно да се сконцентрирате на работата и да правите некои помали грешки. Кога станува збор за љубовта, ќе имате помешани емоции и ни сами не сте сигурни што сакате.

Рак (22.06 – 22.07)
Можете да се потпрете на деловниот партнер кој ќе ви се понуди да ја обавува работата и за двајцата, па така ќе имате време да одморите. Кога станува збор за љубовта ве очекува период кој е исполнет со нежности и внимание.

Лав (23.07 – 22.08)
Ве очекува материјална добивка која ќе ја врати насмевката на вашето лице. На полето за љубов ќе постојат сомнежи. Нема да му верувате на партнерот. Седнете и разговарајте отворено.

Девица (23.08 – 22.09)
Пред вас е многу добра фаза во која нема да имате речиси ни малку деловни обврски, па така ќе му се препуштите на уживањето. На полето за љубов ве очекува едно ново интересно познанство и важни промени.

Вага (23.09 – 22.10)
Многу сте брзи и ефикасни, лесно ќе ги обавувате задачите и овој ден ќе бидете во добра работна атмосфера. На полето за љубов ве очекува многу интересна ситуација со една Водолија.

Шкорпија (23.10 – 21.11)
Ве очекува ненадејна прилика да напредувате на полето за работа, потрудете се да ја искористите. Кога станува збор за љубовта, пред вас е многу поволен период, некои ќе ја официјализираат врската.

Стрелец (22.11 – 21.12)
Ќе бидете подготвени да донесете некои важни одлуки кои ќе ве доведат до промени. Љубовната ситуација е променлива, ви се допаѓа некој кој не е покрај вас.

Јарец (22.12 – 20.01)
Многу поволен период за патување или за годишен одмор. Нема да имате никакви деловни обврски. На слободните љубовната ситуација ќе им биде многу интересна бидејќи ќе имаат богата понуда од додворувачи.

Водолија (21.01 – 19.02)
Пред вас е прилика да направите добар деловен договор со лице кое може да ви биде од голема корист. Љубовната ситуација ве прави среќни бидејќи овој период лесно ќе запознавате нови лица со кои ќе флертувате.

Риби (20.02 – 20.03)
Можете да се надевате на ненадејно подобрување кога станува збор за полето за финансии. На полето за љубов ќе ви се појави личност која ќе ве освои за моме