19 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗ„BMW“ се откажува од своето најлуксузно купе

„BMW“ се откажува од своето најлуксузно купе

Големите луксузни купеа и кабриолети не поминуваат најдобро на пазарот, а тоа доведе „Mercedes“ да ги „убие“ купето и кабриолетот од класата „S“. Според извештаите, „BMW“ ќе го следи примерот на својот голем конкурент со запирање на производството на купе и кабриолет од серијата „8“.

И ако досега ова беа само гласини, сега стануваат реалност. Повикувајќи се на билтен на дилерите, онлајн изданието „BMW Blog“ известува дека „M8 Coupe“ ќе биде укината на почетокот на следната година. Првиот чекор е веќе направен, „BMW“ престана да прима нарачки за моделот. Конфигураторот на моделот се очекува да биде отстранет од американскиот сајт на компанијата во јануари.

Во првите девет месеци од годината, „BMW“ продаде 4.058 примероци од „осмицата“ во Америка. Ова е намалување од 7,4% во однос на претходната година. Иако компанијата не дава детален преглед на продажбата, таа бројка ги вклучува „Coupe“, „Convertible“ и „Gran Coupe“, како и нивните „M“ варијанти.

Во странство, цените на „BMW M8 Competition Coupe“ започнуваат од 138.800 долари, со моделот со високи перформанси придвижуван од 4,4-литарски V8 мотор со твин-турбо кој произведува 626 коњски сили и 749 Nm вртежен момент. Тој е поврзан со осумстепен автоматски менувач и стандарден погон на сите тркала. Забрзувањето од 0 до 100 km/h трае 3,1 секунди, а максималната брзина е 306 km/h.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП