
Овен (21.03 – 20.04)
Ве очекуваат доста важни промени кога станува збор за деловното поле, но тоа не ви пречи. Во љубовта можно е да не се согласувате баш најдобро со саканото лице и да не сте задоволни со ситуацијата на ова поле.

Бик (21.04 – 21.05)
Ве очекува многу позитивен викенд на деловното поле. Можете да се надевате на добра атмосфера. Во љубовта доколку ви се допаѓа некое посебно лице, денес е денот кога треба да му пријдете и да остварите комуникација.

Близнаци (22.05 – 22.06)
Можно е сосема ненадејно да ви се укаже некоја нова шанса за вработување. Можете да очекувате позитивен исход. Во љубовта пред вас е ден за полето на флерт ако сте слободни.

Рак (22.06 – 22.07)
Можете да очекувате позитивна деловна соработка со лице кое го познавате долги години. Во љубовта пред вас е можност да остварите нови познанства и да уживате во флертот, оние во врска или брак ќе бидат во одлични односи.

Лав (23.07 – 22.08)
Можете да се надевате на деловни промени кои сте ги посакувале некое време. Ве очекува добра состојба. Во љубовта нервозата која ви ја внесува саканото лице влијае негативно на вас и вашиот однос.

Девица (23.08 – 22.09)
Бројни промени се пред вас. Ве очекува период во кој лесно може да дојде до склопување на нови договори. Во љубовта можете да очекувате добро сложување со саканото лице и интересна комуникација.

Вага (23.09 – 22.10)
Ве очекуваат промени на полето за финансии. Пред вас е важен период за работа, па потрудете се добро да искалкулирате. Во љубовта ве очекува средба со лице кое ви се допаѓа подолго време.

Шкорпија (23.10 – 21.11)
Потребна ви е поддршка за да можете да ги остварите сите планови. Некогаш некои работи едноставно не можете да ги обавите сами. На слободните ќе им се допадне некој Стрелец, па ќе одлучат да му пријдат.

Стрелец (22.11 – 21.12)
Можно е кратко патување на кое ќе постојат позитивни околности. Среќата ќе ве следи во текот на целиот период. Во љубовта можно е лесно да влезете во конфликт со саканото лице и вашата врска да се најде во криза.

Јарец (22.12 – 20.01)
Можете да се надевате на позитивни околности ако во план ви беа некои бизниси со недвижнини. Во љубовта доколку сте во брак ве очекува променлив ден во кој нема да имате сјајна ситуација. Поведете сметка за односот.

Водолија (21.01 – 19.02)
Ве очекува викенд во кој нема да имате премногу обврски. Ќе имате прилика да се одморите и да се посветите на некој поинаков вид на интереси. Во љубовта често мислите на една личност која неодамна сте ја запознале.

Риби (20.02 – 20.03)
Ве очекува значителен прилив на пари на кои не сте се надевале. Ви следи подобрување на деловните околности. Во љубовта засега ви одговара состојбата каква што е и не посакувате љубовни промени.