27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОMoјс не се откажува од Чичарито

Moјс не се откажува од Чичарито

cicaritototo

На големо се шпекулираше дека Чичарито би можел во јануари да си замине од „Олд Трафорд“, но изгледа дека конечно му се наметна на тренерот.

Хавиер Ернандез беше „џокерот“ на Фергусон.

Легендарниот стратег успешно ги користеше квалитетите на Мексиканецот, кој редовно му се оддолжуваше со голови и тоа честопати во клучните моменти од средбите.

Сепак, на стартот од сезоната под водство на Девјид Мојс, популарниот Чичарито не беше во првиот план, а шанса за настап не ни добиваше.

Во медиумите се појавија информации дека тој би можел да се пресели во Тотенхем или во редовите на Валенсија, а и самиот Чичарито преку Твитер навестуваше дека размислува за заминување.

Но, Дејвид Мојс најверојатно ја затвора вратата за потенцијалното заминување.

Чичарито постигна 4 гола во оваа сезона. Тој не настапи на последниот натпревар против Фулам, но го постигна победоносниот и единствен гол во Лига Купот против Ливерпул, како и одлучувачкиот погодок против Стоук во првенствената победа од 3:2.

Новиот Шкот на клупата на Јунајтед, најверојатно ја разбра пораката.

„Чичарито постигна многу голови во текот на последниве години во клубот. Потребен ни е, а тој е многу добар играч за овој тим“, кратко изјави Дејвид Мојс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП