3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИPimco Total Return веќе не е најголемиот светски фонд

Pimco Total Return веќе не е најголемиот светски фонд

pimco

Еден од најпопуларните фондови во светот „Pimco Total Return“ го загуби статусот на најголем, и покрај средствата во вредност од 248 милијарди долари. Фондот е надминат по средства од „Vanguard Total Stock Market Index“, инвестирани целосно во американски акции, со средства во вредност од 288 милијарди долари кон крајот на октомври.

„Pimco Total Return“ кој се раководи од познатиот портфолио-менаџер, Бил Грос, го регистрираше шесттиот последователен месец со одлив на капитал, откако инвеститорите повлекоа 4.4 милијарди долари во минатиот месец. Од почетокот на годината вкупниот нето истечен капитал изнесува 33.2 милијарди долари. Pimco заостанува на пазарот, откако забележа приход од 0.9 проценти во октомври. Во последната година инвеститорите, од доверените средства во фондот, бележат загуба од 1.29 проценти.

Според Бил Грос, покачувањето на акциите доведе до „мало балонизирање“. Стравувањата за намалување на стимулите од страна на ФЕД и постепено зголемување на каматите е направено обврзниците да се помалку атрактивни за инвеститорите.

„На макрониво станува збор за ротација од обврзници кон акции“, според Роб Аспин, шеф на одделот за управување со средства во „Standard Chartered bank“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП