3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКаков татко, таков син! (видео)

Каков татко, таков син! (видео)

enzo-zidane

На себе го носат товарот дека нивните татковци биле големи луѓе, но бидејќи во себе ги носат нивните гени можеби ќе се случи и да ги надминат.

Тука станува збор за синовите на големите имиња од светскиот фудбал од кои се очекува да продолжат по стапките на своите татковци.

Првиот кој ќе ви го претставиме е Кристијан Малдини, син на легендарниот Паоло и внук на Чезаре.

Ова момче е дел од младинската школа на Милан каде ги тренира Пипо Инзаги. Тој има 17 години, а досега има одработено и неколку тенинзи и со првиот тим. Станува збор за дефанзивец, па може да се каже дека ја продолжува семејната традиција.

Второто име е Енцо Зидан.

За 18-годишниот син на славниот Зизу веќе некои време се зборува дека е голем талент, а интересно е дека ова момче на дресот со број 10 го носи презимето на својата мајка – „Фернандез“!

Во оваа „категорија“ се наоѓа и Ривалдињо, а самото име говори дека тоа е „малиот“ на Ривалдо.

Ова 18-годишно момче првите фудбалски чекори ги направи во „Ла Масија“, додека неговиот татко играше за Барселона, потоа беше во Коринитијанс, а сега игра за Можи Мирим.

Го одликува силниот удар, но за разлика од неговиот татко, не со левата, туку со десната нога.

Уште еден бразилец кој долговреме играше во Барса, само нешто порано, има наследник од кој многу се очекува.

Ромарињо, син на човекот кој го водеше Бразил до титулата светски првак во 94-та, настапува за Флуминенсе каде пристигна од Васко де Гама.

Минатата година се шпекулираше дека би можел да дојде во Барселона, во градот каде е роден пред 19 години. Како и неговиот познат татко и тој игра во нападот.

Од големите надежи на големите татковци ги издовјуваме и Диего Појета, 18-годишниот син на Гус, кој игра во Чарлтон, потоа една година помладиот Фернандо Редондо Јуниор од Тигреа, наследник на легендата на Реал и за крај 10-годишниот Џејмс Карагер, син на поранешниот капитен на Ливерпул.

Сите до еден играат на исти позиции како и своите татковци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП