Американската компанија „Johnson&Johnson“ треба да и плати на американската влада парична казна од над 2.2 милијарди долари, поради незаконски маркетинг операции. Ова го соопшти американското Министерство за правда, а беше пренесено од светските агенции.
Договорот склучен меѓу властите и концернот е резултат од истрагата која траеше речиси 10 години. Според експертите глобата која ќе ја плати „Johnson&Johnson“ е меѓу најголемите во историјата на САД.
Компанијата и нејзините подружни структури им нуделе на клиентите употреба на медицински препарати на начини кои не добиле соодветно одобрение од Американските власти. Станува збор за лекот „Risperdal“ и други препарати.
„Овие компании имаат полни џебовите со пари за сметка на американските даночни обврзници, пациентите и приватниот бизнис“, рече Министерот за правда, Ерик Холдер.