16 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗСледниот „Renault Captur“ треба да направи револуција

Следниот „Renault Captur“ треба да направи револуција

„Renault Captur“ е една од најпопуларните понуди во сегментот на градски SUV, надминувајќи го дури и „Clio“ на некои пазари. Втората генерација беше објавена во 2019-та година, а оваа година моделот беше подложен на фејслифтинг. Во „Renault“ веќе работат на третата генерација на моделот, кој треба да излезе за 2 години.

Независниот дизајнер Клебер Силва објави дигитални рендери кои даваат насоки за тоа како ќе изгледа идниот „Captur“, а списанието „Motor1“ откри технички информации за моделот од следната генерација.

Се очекува „Renault“ да се обложи на еволуција на сегашниот автомобил, бидејќи е успешен и нема потреба од многу промени во изгледот за да го одржи, па дури и да го зголеми интересот на клиентите. Ним, од своја страна, тешко дека ќе им пречи таквиот пристап, се додека автомобилот всушност изгледа како креација на Силва.

Што се однесува до тоа како ќе се промени новиот „Captur“, логично е дека нема да порасне многу бидејќи „Renault“ ги има „Symbioz“ и „Austral“ во својата гама, кои седат над него. Исто така, целосните хибридни погонски единици на „E-Tech“ треба да добијат уште поголема популарност, како и „TCe“ моторите со блага хибридизација.

Прашањето е дали ќе има електричен „Captur“? Логиката вели да, а „Renault“ има доволно опции да го развие користејќи ја платформата „CMF-EV“, моторите со 120 ks и 150 ks на моделите „R4“ и „R5 E-Tech“, како и батериите на „Megane E-Tech“ или „Scenic“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП