„Jaguar“ го претстави новиот визуелен идентитет, воведувајќи ера на чисто електрични возила.
Британскиот бренд откри ново лого пред премиерата на концептот „Jaguar Design Vision“, закажана за 3-ти декември.
Овој концепт најавува луксузен електричен седан чие производство се очекува во 2025-та година.
Основачот на „Jaguar“, Сер Вилијам Лајонс, верувал дека „Jaguar“ не треба да биде копија на некој друг, што е основната идеја на новата филозофија на брендот наречена „Екстравагантен модернизам“.
Новите графички решенија претставуваат значително отстапување од претходниот дизајн, одразувајќи ја редефинирањето на брендот во однос на стилот и позиционирањето на пазарот.

Клучни елементи на новиот идентитет
Новиот идентитет на „Јагуар“ се состои од четири главни елементи:
„Virgin Mark“ – новото лого на „Jaguar“ со уникатен фонт кој се истакнува по својата симетрија и едноставност.
„Strikethrough“ – графички елемент со хоризонтални ленти, кој најверојатно ќе биде вклучен во дизајнот на идните модели.
„Exuberant Colors“ – палета на бои што го поврзува „Jaguar“ со уметноста.
„Makers Marks“ – два симбола: традиционалната фигура на јагуар што скока и нов монограм кој ја вклучува буквата Ј (можеби и „r“, иако фонтот остава простор за толкување).
Овие елементи ќе се применат на претстојниот концепт, како и на три сериски електрични модели кои ќе бидат претставени до крајот на деценијата.

Визијата на „Jaguar“ за иднината
Професорот Гери Мекговерн, главен креативен директор на „Jaguar“, рече:
„Ова е премислување што ја оживува суштината на ‘Jaguar’, враќајќи го на вредностите кои некогаш го правеа толку сакан, но што го прави релевантен за модерната публика. Ние создаваме „Jaguar“ за иднината, враќајќи го на статусот бренд кој ги збогатува животите на нашите клиенти и заедницата на бреднот“.
Менаџерот на „Jaguar“, Радон Гловер, ја опиша промената како „тотална обнова“, велејќи:
„За да се врати глобално познат бренд, моравме да бидеме храбри“.
Покрај концептот „Design Vision“, „Jaguar“ на настанот во Мајами ќе претстави и серија галериски простори на две локации.
Овие простори ќе вклучуваат дела од иновативни уметници кои ја делат филозофијата на „Jaguar“: „Не копирај ништо“.