Француските антимонополски регулатори ги казнија производителите на електрична опрема „Schneider Electric“ и „Legrand“, заедно со нивните дистрибутери „Rexel“ и „Sonepar“, со вкупно 470 милиони евра поради договор за фиксирање на цените.
Француското набљудувачко тело за конкуренција соопшти дека двата производители се договориле со дистрибутерите да ги утврдат цените за нисконапонската електрична опрема преку специјален механизам за договор за цени.
Надвор од оваа казна, во 2022-ра компаниите беа обвинети во паралелна кривична постапка во Франција. Не е донесена одлука дали ќе се соочат со судење.
„Schneider“ ја доби најтешката казна од 207 милиони евра, додека „Rexel“ е казнет со 124 милиони евра. „Sonepar“ е осуден да плати 96 милиони евра, а „Legrand“ – 43 милиони евра.
„Schneider“, „Rexel“ и „Legrand “велат дека не се согласуваат со образложението на органот за конкуренција и може да поднесат жалба. „Sonepar“ рече дека „силно ги оспорува“ наодите и дека ќе ја оспори казната.