21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАРастечката нафтена флота на Русија ја загрижува Европа

Растечката нафтена флота на Русија ја загрижува Европа

Руската нафтена флота веќе има повеќе од 600 стари танкери кои се движат под ризик (со исклучени транспондери) и без валидно осигурување, а тоа ги загрижува европските пратеници.

Во нацрт-резолуцијата што ја виде Политико, тие ги повикуваат европските земји да го засилат сателитскиот надзор на морскиот сообраќај и инспекциите на бродовите.

Приходите од нафтата сочинуваат повеќе од една третина од буџетот на Русија. Во обид да ги ограничат средствата што Москва може да ги потроши за војната во Украина, ЕУ и земјите од Г-7 воведоа ограничувања за трговијата со руската нафта, вклучително и ограничување на цената од 60 долари за барел. За да ги избегне овие санкции, Москва купи стари бродови, од кои некои беа наменети за отпад. Русија не ги вклучува нивните транспондери, што доведува до опасен сообраќај во прометните области, а веќе имало неколку судири и излевања на нафта, а во случај на несреќа нема никакви осигурителни бенефиции.

Дополнително, руските танкери претоваруваат нафта на отворени води во обид да ја сокријат дестинацијата или фактот дека превезуваат нафта на танкер ставен под санкции.

Според западните правила, осигурителните компании од ЕУ и Г-7 не смеат да даваат услуги на руски бродови доколку не се исполни условот за плафон на цената на нафтата. Бидејќи компаниите немаат начин да ги проверат договорите, нудат полиси под услов доколку не се исполнат сите услови, осигурувањето е ништовно.

Сите овие фактори предизвикуваат загриженост дека танкери натоварени со руска нафта може да предизвикаат еколошка катастрофа во европските води. Без осигурување, чистењето ќе треба да го преземат европските даночни обврзници, посочуваат пратениците во својата резолуција, која, сепак, е од желба.

Генерално, Европскиот парламент има симболична улога во одредувањето на санкциите против Русија. Сите мерки мора да бидат одобрени од Европскиот совет, со целосно едногласност меѓу членките. Но, резолуцијата би можела да го насочи вниманието на лидерите на ЕУ додека разговараат за следниот пакет санкции против Русија во Брисел, 15-ти од почетокот на војната во Украина во 2022-ра година.

Се очекува ЕП да ја разгледа резолуцијата оваа недела, а претставници на земјите од заедницата коментираат за Политико дека во неа има позитивни формулации.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП