Повеќе од половина од германските граѓани се загрижени за иднината на традиционалните марки на автомобили.
Ова се тешки и турбулентни времиња за голем дел од европската автомобилска индустрија.
VW не е единствената германска компанија која се соочува со сериозни финансиски тешкотии. Други, како што се BMW и Mercedes-Benz, иако во помала мера, исто така минуваат низ периоди на предизвици.
Ова ги загрижува германските граѓани, покажува истражувањето спроведено во земјата од страна на консултантската куќа Simon-Kucher.
Според новата автомобилска студија на германската компанија, повеќе од половина од германските граѓани стравуваат за иднината на историските брендови.
Конкретно, тие се загрижени дека овие брендови би можеле да исчезнат од пазарот, а причините што ги наведуваат се јасни: брза динамика во областа на електричната мобилност, иновации (брзина и трошоци), нови кинески конкуренти и европски барања за одржлив развој.
Истражувањето кое опфати анкетирање на испитаници (граѓани) во Германија, покажува кои брендови се изложени на ризик во очите на јавноста.
Дури 28% од испитаниците веруваат дека Daihatsu наскоро ќе исчезне. Околу 20% веруваат дека Opel е во сериозен ризик.
Потоа следат другите, како Chevrolet(трето место), додека Fiat и Audi го делат четвртото место.
Зад нив се Suzuki(шесто место), Ford (седмо), BMW (осмо) и Kia (деветто).
„Етаблираните брендови се соочуваат со предизвикот да го зачуваат својот опстанок. Без адаптација, традиционалните германски брендови ризикуваат да го изгубат уделот на пазарот и довербата“, рече Матијас Рајмер, партнер во консултантската фирма Simon-Kucher, по повод објавувањето на оваа студија.