23 април, 2025
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 11.11.2024

Дневен хороскоп 11.11.2024

Овен (21.03 – 20.04)

Преголемиот обем на работа денес може да ве спречи да поминете време со членовите од семејството. Сепак, нема потреба за нервози, пред вас е време за релаксација. Можни се мали проблеми со стомакот.

Бик (21.04 – 21.05)

Не смеете да се потпирате на туѓата помош, бидејќи таа може да изостане во клучниот момент. Потребно е да го испланирате секој потег и сите можни проблеми да ги елиинирате. Интуицијата никогаш не ве напушта. Нервите ви се малку напнати, олабавете.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Арогантното однесување ве одалечува од целта кога станува збор за љубовта. Немојте да бидете тврдоглави, воочете ја навремено вашата грешка. Покажете ги емоциите на партнерот, бидејќи немате ниедна причина за влез во било каква расправија. Можни се проблеми со алергија на храна.

Рак (22.06 – 22.07)

Не ви е толку важно колку овие денови за вас се неповолни, некако успевате да го извлечете најдоброто и да ги препознаете сите нешта кои се случуваат спротивно на вашите желби. Не дозволувајте несериозноста на другите да го намали вашето задоволство.

Лав (23.07 – 22.08)

Не сте подготвени за промени во деловното поле. Можно е да ќе одбиете некоја понуда но во моментов ви е најважно да ја задржите работата која ја имате. Склони сте на депресија, тешки емоции, денес едноставно не е вашиот ден.

Девица (23.08 – 22.09)

На работа ова ќе биде повеќе од мирен ден. Поголем дел од раководството ќе биде надвор од фирмата и тоа ви е шанса да завршите и некоја приватна обврска. За вас ова ќе биде како добивка на игрите на среќа.

Вага (23.09 – 22.10)

Динамичноста на вашата врска се подобрува. Позитивните впечатоци кои сте ги оставиле кај колегите од работа ви даваат шанса да ги повикате за помош во било кое време. Шансите за неуспех се сведени на минимум. Поминувајте помалку време пред ТВ екранот.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Можна е неочекувана помала парична добивка. Се повлeкувате пред нервозата на партнерот. Во моментов не сте расположени за кавги, расправии и надмудрувања. Многу ви е тешко да се занимавате со случувањата од минатото.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Се поигрувате обидувајќи се да ја задржите енергијата само за себе, нивото на адреналин е во пораст, а вашето срце забрзано куца и нема да застанете додека не го добиете она што го сакате. Пред вас е одличен ден за љубов и финансиски прашања.

Јарец (22.12 – 20.01)

Потрудете се да ги исполните своите обврски и дадениот збор. Ако постапите адекватно, можете да успеете да склучите некоја важна деловна соработка. Повеќемесечната физичка неактивност ќе дојде по својот данок.

Водолија (21.01 – 19.02)

Нема потреба за грижа иако сте окупирани со силни емоции и незадоволни од моменталната положба на работното место. Научете ја лекцијата од минатото со цел некои работи да не ги повторувате без потреба. Ситуацијата на љубовен план е повеќе од задоволителна.

Риби (20.02 – 20.03)

Ова не е поволно време да ризикувате многу во работата, туку е поволно време да се повлечете малку настрана од кругот на пријатели. Некој кој ви е многу посветен ќе биде заинтересиран за вашата работа. Подготвени сте да бидете дел од нешто што може всушност да биде нов голем проект.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП