
Овен (21.03 – 20.04)
Среќата оди во ваша насока, така што, некои работи кои сте ги посакале од поодамна можат да станат реалност. Вашиот сомнеж би можел да го наруши добриот однос со партнерот. Потрудете се да ги надминете караниците со саканата личност.

Бик (21.04 – 21.05)
Можно е во текот на денешниот ден да имате многу деловни обврски кои ќе земат поголем дел од вашата енергија. Недоволно ги покажувате емоциите кон саканото лице па тоа ќе ви замери. Внимавајте и пазете се од кражби, можно е да бидете ограбени.

Близнаци (22.05 – 22.06)
Ќе имате некои нејаснотии во комуникацијата со колегите, некои ќе ви одат на нерви. Ако се потрудите и бидете доволно чесни, ќе ги надминете несогласувањата. Ќе запознаете некоја интересна личност во вашето опкружување.

Рак (22.06 – 22.07)
Сметате дека на работното место можете да постигнете многу поголем успех од тој во моментов, но некако ве зафатила мрзата. Потрудете се да ја елиминирате. Кон саканото лице потребно е само да бидете понежни и повнимателни, се друго само ќе се оствари.

Лав (23.07 – 22.08)
Денес ќе заглавите со некоја работна задача, а тоа ќе ве извади од колосек. Без да се нервирате и навредувате се околу себе, обидете се да ја поправите почетната грешка, концентрирајќи се дури и на најситните нешта. Во љубовта се е како подмачкано.

Девица (23.08 – 22.09)
Ви недостасува трпение, а на вашиот партнер храброст да се соочи со заедничките проблеми. Смирете ги заедничките страсти. Се обидувате да одложите една средба, но тоа е само привремено решение. Соочувањето со вистината ви носи психолошко олеснување. Можни се болки во мускулите. Не се преморувајте.

Вага (23.09 – 22.10)
Некои работи не се одвиваат онака како што сте планирале, до крајот на денот сепак ситуацијата ќе се заврти во ваша корист. Не би требало да се расправате, премолчете некои нешта. Во љубовта ве очекува иритантна одлука од страна на партнерот.

Шкорпија (23.10 – 21.11)
Денес ќе ја работите работата која ви одговара и одлично ќе се чувствувате поради тоа. Многу ваши соработници инспирацијата ќе ја пронајдат токму во вас. Не ви е лесно отворено да ги покажете емоциите, па затоа можно е да наидете на ладен однос од партнерот.

Стрелец (22.11 – 21.12)
Сакате да оставите одличен впечаток на работното место, но некако без труд, а тоа не е можно. Брзо ќе бидат прочитани вашите намери. Саканото лице или ќе ве изненади или пак ќе ве разочара со некоја негова постапка.

Јарец (22.12 – 20.01)
Збунети сте поради некои ваши финансиски грешки, некако не можете да се снајдете најдобро кога станува збор за ова поле. Без грижа, се ќе дојде на свое месо. Можно е саканото лице да нема доволно доверба во вас, па покажете му дека греши.

Водолија (21.01 – 19.02)
На работа не ве очекува некој претерано напорен ден. Може да се каже дека се ќе оди со забавено темпо. Конечно ќе излезете од монотонијата и ќе ги подобрите односите со вашиот партнер, кој инаку премногу ве сака.

Риби (20.02 – 20.03)
Ќе имате многу обврски, ќе бидете постојано во трчање, огранизацијата е главниот фактор кој многу ќе ви помогне. Потрудете се да обавите се во зададениот рок и ќе бидете наградени. Во љубовта потребно е да му објасните на партнерот дека не е само тој во вашиот живот, дека нормално е тоа што имате и некои други обврски, тој станал премногу посесивен.