
Овен (21.03 – 20.04)
Некој индиректно ве предупредува да го промените однесувањето, но вие не и придавате посебно внимание на таа особа која всушност ви се наметнува. Повнимателно размислувајте за зборовите кои делуваат многу добронамерно.

Бик (21.04 – 21.05)
Добро сте расположени и верувате дека постои некој заобиколен начин ефикасно да го остварите она што другите неможат. Самодовербата која ја чувствувате делува позитивно и на вашата околина. Делувате вознемирено и загрижено.

Близнаци (22.05 – 22.06)
Ќе морате да прифатите нечие влијание и да го прилагодите вашиот стил во согласност со барањата кои ги имаат вашите соработници. Вашето добро расположение ќе го поттикне и партнерот на поактивна улога во движењето и создавањето на заеднички планови.

Рак (22.06 – 22.07)
Имате добро идејно решение, но некој се обидува да ја ограничи вашата улога и влијанието на понатамошниот тек на договорот. Не дозволувајте недоразбирањето негативно да се одразува на вашата концентрација. Внимателно бирајте го друштвото за излегување или интимно доверување.

Лав (23.07 – 22.08)
Избегнувајте го секој вид на претерување кое ја нарушува работната атмосфера. Некој ќе ве воодушеви со својот шарм и стил на однесување. Потребно е да ги отстраните емотивните недоразбирања. Поведете сметка за исхраната.

Девица (23.08 – 22.09)
Емоционалната ранливост и желбата за љубов во моментов се евидентни. Ако сте во состојба да го реализирате тоа, не жалете да ги покажете сите емоции. Партнерот ќе ви возврати со исти чувства, затоа не двоумете се како да настапите.

Вага (23.09 – 22.10)
Важно е да оставите сериозен впечаток. Околината има доволно слух или интерес да ги поддржи вашите идеи. Новите деловни случувања можат да ве претстават во позитивно светло. Покажете дека имате разбирање за саканото лице.

Шкорпија (23.10 – 21.11)
Денес сте постабилни од вообичаено а желбата да ја промените работата станува неизводлива. Искористете ја шансата и добрата енергија. Имате поддршка од саканото лице, но сте претерале со очекувањата. Време е и вие да се научите на толеранција.

Стрелец (22.11 – 21.12)
Се соочувате со различни проблеми во односот со соработниците. Важно е да ја одредите правилната граница меѓу пристојното однесување и деловните отстапки кои сакате да ги направите. Партнерот делува малку чудно и изразува сомнеж за вашата приказна.

Јарец (22.12 – 20.01)
Се наоѓате во прилика да ги тестирате своите интелектуални и практични способности. Направете се што е во ваша моќ да оставите добар впечаток. Јасно ви е дека не можете да го добиете сето она што емотивно го посакувате, но сеуште не знаете на кој начин би можеле да уживате во она што го имате.

Водолија (21.01 – 19.02)
Повеќето работни обврски можете да ги завршите на рутински начин. Нема потреба да се расправате со неистомислениците. Доколку ви се чини дека доаѓате до ладен емотивен прием во нечие друштво, размислете за своите постапки како на потенцијални маани. Можно е да сте погрешиле во проценките.

Риби (20.02 – 20.03)
Средбата или расправата со едно лице на вас започнува да делува заморно. Чувствувате демотивација бидејќи деловните случувања не ви одат во посакуваниот правец. Сепак, не дозволувајте во вас да надвладее несигурноста.