23 април, 2025
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 28.10.2024

Дневен хороскоп 28.10.2024

Овен (21.03 – 20.04)

Претерувате со својата желба да оставите впечаток на соработниците. Вашето однесување укажува на претерано истакнување на личните способности. Не можете да се помирите со моменталната ситуација. Делувате провокативно на партнерот, но не го постигнувате саканиот ефект.

Бик (21.04 – 21.05)

Работите поврзани со креативните идеи се одлични. Останатите работи, особено ако се рутински ќе ви бидат многу досадни, а би било добро токму оваа недела да побарате нова работа и да не ја оправдувате својата инертност кон околностите во кои е тешко да се снајдете.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Тешки сте за соработка и прилично сте затворени. Паричната ситуација не се поправа и поради тоа го покажувате вашето незадоволство. Поседувате голема доза на издржливост и трпеливост, особено во односот со партнерот. Можна е забоболка.

Рак (22.06 – 22.07)

Денес ќе бидете нервозни и особено непријатни кон лицата кои не ви се омилени. Сепак, денес ви следи и особено важна деловна средба која ќе ви отвори многу врати. Искористете ја. Однесувањето на вашиот партнер не ви се допаѓа.

Лав (23.07 – 22.08)

Пред вас е предизвик кој нема да ве остави рамнодушни и кој долго сте го чекале, а време за неодлучност немате. Осамените конечно ќе пронајдат лице какво што сакаат, а ако постои препрека, тоа е причина повеќе да се изборите за таа личност и емотиво да се наполните.

Девица (23.08 – 22.09)

Работата ви создава конфузијата во глава. Потребна ви е подобра организација. Со ладна глава пристапете му на партнерот и видете од каде потекнува неговото незадоволство. Не правете некои нешта од кои во иднина ќе се срамите.

Вага (23.09 – 22.10)

Не ве очекуваат значајни промени, поради што ви се препорачува да одите на некаков краток одмор. Можноста за романтични патувања искористете ја максимално. Чувајте се од крадци и паричникот чувајте го на сигурно место. Можни се мали невролошки проблеми.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Ќе уживате во вниманието на вашиот партнер. Топлината со која зрачите и животната радост ќе ја пренесете на другите. Ако сте во брак, избегнувајте ги обврските колку што е можно повеќе или трудете се да ги поедноставите.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Ден во кој ќе постојат многу непредвидени случувања, од писма и информации кои доцнат, па до уреди кои ќе се расипат. Сето тоа набрзо ќе се реши, но е потребно да сфатите дека не е крај на светот. На сентиментален план ништо ново подолго време.

Јарец (22.12 – 20.01)

Малку сте безволни и ништо не ви се работи. Вашето однесување не може да остави добар впечаток на деловната околина. Не му префрлувајте на партнерот за секоја ситница, толеранцијата не ви е на завидно ниво. Вашето однесување е чудно.

Водолија (21.01 – 19.02)

Ситуациите од кои тешко некој може да се извлече без последици, вас ве прават уште посилни и поиздржливи. Ситуацијата полека почнува да се менува и почнуваат да се појавуваат знаци кои ветуваат дека ви претстои стабилизација.

Риби (20.02 – 20.03)

Имате добра намера, но постојат ненадејни околности кои ве попречуваат да ги остварите своите деловни планови. Подобро е да се запрете во некој критичен момент кога ситуацијата започнува да се комплицира отколку да ризикувате во деловните преговори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП