30 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБез резултат во преговорите меѓу Оланд и француските клубови

Без резултат во преговорите меѓу Оланд и француските клубови

francija pretsedatel

Средбата меѓу претседателот на Франција, Франсоа Оланд и клубовите од земјата за предвидениот данок од 75 проценти за играчите кои добиваат плата од над еден милион евра во текот на годината, не даде резултат. Вчера кај претседателот на државата пристигна делегација предводена од претседателот на Француската фудбалска федерација – Ноел ле Грает и претседателот на Француската професионална лига – Федерико Тиери, како и шестмина од претседателите на фудбалски клубови во земјата – Жан -Луј Трио (Бордо), Жан- Мишел Олас (Лион), Винсент Лаброн (Марсеј), Мишел Сејду (Лил), Жан- Пјер Лувел (Ле Авр) и Жан- Франсоа Фор (Каен).

Двете страни разговараа за евентуално решение кое нема да ги натера високоплатените играчи да го напуштат тимот и земјата поради високата стапка. Во моментов не дојде до решение и плановите за штрајк за викендот на 29-ти ноември остануваат.

„Разговаравме долго со претседателот, кој не слушаше внимателно. Потоа тој ја објасни својата позиција во врска со проблемот. Иако за мноштвото предлози кои ги одвоивме за средбата немаме решение кое ќе ги задоволи сите. Засега нашата позиција не се менува и предвидените активности за 29-ти ноември остануваат. Сепак има уште еден месец дотогаш и се надеваме дека можеме да постигнеме напредок во разговорите“, рече Лувел кој е и претседател на Унијата на професионалните клубови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП