4 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕТрикови кои ќе ви помогнат да се збогувате со дебелината

Трикови кои ќе ви помогнат да се збогувате со дебелината

trikovislabeenje2

Постојат некои брзи мали трикови кои на долгорочен план ќе ви дадат големи резултати. За само 1 минута можете да направите многу за вашата линија. Применувајте ги овие трикови секојдневно и збогувајте се со дебелината.

Користете ленено семе. Наутро посолете врз вашите житарки една лажица ленено семе или пак додајте го во вашата омилена салата. Растителните влакна кои ги содржи лененото семе ќе ви помогнат да се чувствувате посити и ќе внесете помалку калории во текот на денот.

Разредете го сокот. Наместо цела чаша џус, ставете си половина и дополнете ја со вода. Така со секоја чаша ќе внесувате до 80 калории помалку. Тоа значи дека на годишно ниво ќе ослабите 2,5 килограми.

Прочитајте ја внимателно етикетата. На етикетата на многу производи пишува колку калории има во 100г. продукт, т.е. калориите не се пресметани според големината на пакувањето. Во пакувањето може да има 250г. од дадениот производ, а калориите да се дадени само за 100г. На прв поглед може да се излажете за бројот на калории. Затоа, читајте внимателно.

Заменете го путерот со маслиново масло. Наместо врз вашето парче леб да ставите путер, ставете малку маслиново масло. Така ќе внесувате околу 50 калории помалку.

Издробете ги зеленчуците за салата на покрупни парчиња. Кога си правите салата, наместо да ја исечете краставицата и другите зеленчуци на тенки мали парчиња, издробете ги на крупни парчиња. Така ќе ви треба повеќе време за да ги изџвакате, а плус тоа ќе внесете помалку од главното јадење.

Запишувајте колку јадете. Ако си водите евиденција колку калории внесувате, повеќе ќе се контролирате во јадењето. Не мора вашите забелешки да се совршени и да ја запишувате секоја калорија, важно е само да запишувате.

Купувајте храна во мало пакување. Ако видите дека вашите омилени смоки се на промоција и за истите пари добивате поголемо пакување, прескокнете ја промоцијата. Луѓето коишто купуваат големи пакувања консумираат дури 45 проценти повеќе калории.

Пред да го отворите чоколадото, повежбајте. Ако никако не можете да престанете да мислите на вкусното чоколадо што стои во кујната, направете неколку склекови или клекнувања. Доволно е да направите една серија од 12 клекнувања за да ви се намали желбата за јадење. Плус, така ќе го потсетите мозокот на вашите цели за слабеење.

Замрзнато грозје како брз десерт. Земете еден грозд и скинете ги од него сите зрна. Ставете ги врз кујнска хартија и потоа во комората за длабоко замрзнување. Откако ќе се замрзнат, преместете ги во пластична кутија. Секогаш кога ќе добиете желба да каснете нешто слатко, земете неколку зрна замрзнато грозје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП