
Овен (21.03 – 20.04)
Можете да очекувате многу важни случувања на полето за работа во викендов. Во љубовта на партнерот ќе му недостасува да поминувате повеќе време заедно.

Бик (21.04 – 21.05)
Викендот е поволен за правење и креирање на нови деловни тактики кои ќе ги спроведете во дела малку подоцна. Во љубовта не ви е лесно да го заборавите лицето со кое сте поминале убави заеднички моменти.

Близнаци (22.05 – 22.06)
Можно е некој од вашето семејство да се обиде да се вмеша во вашите деловни одлуки, а тоа воопшто нема да ви се допадне. Во љубовта потребна ви е промена кога станува збор за емоциите.

Рак (22.06 – 22.07)
Можеби на работното место ќе делувате пренападно во своите настојувања сопствените идеи да ги покажете како најдобри. Во љубовта редно време е за запознаање со личноста која ви се допаѓа.

Лав (23.07 – 22.08)
Можно е потпишување на договор кој е од пресудно значење за вашата деловна иднина. Во љубовта време е за поискрен однос со партнерот, кажете му ги вашите планови.

Девица (23.08 – 22.09)
Пред вас се голем број на обврски, па во текот на целиот викенд на некој начин ќе бидете оптеретени. Во љубовта со партнерот ќе успеете да ја дефинирате иднината на врската.

Вага (23.09 – 22.10)
Ќе имате некој нов план за штедење кој ќе ви биде многу важен и ќе го испочитувате до последната точка. Во љубовта не ги игнорирајте своите чувства, кажете ги гласно.

Шкорпија (23.10 – 21.11)
Можете да очекувате дека ќе добиете некоја работа од страна или дека ќе остварите дополнителна заработка преку дополнителен ангажман. На љубовното поле нема да бидете претерано успешни.

Стрелец (22.11 – 21.12)
Викендот не е поволен за било какви ризици. Најдобро е да бидете трпеливи. Во љубовта не сакате несериозни врски и беззначајни авантури, туку сакате личност која стабилно ќе стои покрај вас и ќе ве почитува.

Јарец (22.12 – 20.01)
Викендот е поволен доколку имате план како да ги завршите деловните обврски, потрудете се да најдете време и за оние заостанатите задачи од цела недела. Во љубовта овој викенд е неповолен и бурен.

Водолија (21.01 – 19.02)
Можно е да не бидете задоволни со атмосферата која ќе ја имате на работа. Во љубовта ќе дознаете некои информации кои ќе го променат вашето мислење за саканото лице.

Риби (20.02 – 20.03)
Потребно е да се потрудите на своите колеги да им покажете дека сте подготвени на компромис и добра тимска работа. Во љубовта ви се допаѓа лице со кое немате многу добра комуникација во моментов.