19 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗПристигна новото „BMW Series 2 Gran Coupe“ (ФОТО/ВИДЕО)

Пристигна новото „BMW Series 2 Gran Coupe“ (ФОТО/ВИДЕО)

Германскиот автомобилски гигант, „BMW“ ја претстави втората генерација на „Series 2 Gran Coupe“.

Најмалата купе-лимузина на баварскиот производител се одликува со нов надворешен дизајн, патничка кабина со најнови технологии и ревидирани погонски единици кои произведуваат поголема моќност.

Иако е наведен како „целосно нов“ модел, во реалноста, „BMW Series 2 Gran Coupe“ од 2025-та година е значително надградена верзија на моделот во заминување – слично како неговиот хечбек од „Series 1“.

Под површината, многу останува ист, додека автомобилот ги задржува механичките подлоги на својот претходник. Сепак, димензиите на возилото се нешто поголеми од претходно, а внатрешноста е нова.

Основната бензинска верзија на „BMW 220 Gran Coup“ нуди 156 ks (115 kW) и 240 Nm максимален вртежен момент.

Забрзувањето од 0-100 km/h трае 7,9 секунди, а максималната брзина е 230 km/h.

Од друга страна, основниот дизел „BMW 218d“ има 150 ks (110 kW) и 360 Nm. Автомобилот достигнува 100 km/h од место за 8,4 секунди, пред да достигне максимални 226 km/h.

Помоќната опција за дизел е означена како „220d“ и произведува 163 ks (120 kW). Потребни се 8 секунди за автомобилот да постигне 0-100 km/h, а максималната брзина е исто така 226 km/h.

На врвот на гамата е бензинскиот „BMW M235 xDrive Gran Coupe“, чиј дволитарски 4-цилиндричен мотор развива 300 коњски сили (221 kW) и 400 Nm максимален вртежен момент.

Автомобилот до 100 km/h забрзува за 4,9 секунди, додека максималната брзина е 250 km/h.

Цените на новиот „BMW Series 2 GC“ во Германија започнуваат од 36.800 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП