Кинеската инвазија на Европа продолжува со пристигнувањето на уште еден електричен автомобил.
Производителот „Lynk & Co“ го откри новиот модел „02“, кое е првото електрично возило на компанијата во Европа, а исто така ќе се нуди и во Кина под името „Z20“.

Од кинеската марка се одлучија за кросовер купе со пет врати, а велат дека е аеродинамички оптимизиран со панорамски стаклен покрив и тркала со дијагонала од 19 или 20 инчи.
Тие, исто така, воведоа нова функција „Hey Honk“ која треба да овозможи „пријателски“ интеракции со пешаците и другите учесници во сообраќајот, и рекоа дека тестирањето покажало дека „пешаците го претпочитаат ова отколку традиционалното свирење“.

„Lynk & Co 02“ има димензии 4.460 mm x 1.845 mm x 1.573 mm, со меѓуоскино растојание од 2.755 mm.
Тоа значи дека е со иста должина како „Toyota Corolla Cross“, но со подолго меѓуоскино растојание. Ентериерот е дизајниран да биде и минималистички и модерен, па затоа е оптоварен со висока технологија.

Кога станува збор за погонската група, „Lynk & Co 02“ има батерија од 66 kWh, а во задниот дел е мотор со 268 ks и 343 Nm максимален вртежен момент. Ова е доволно за забрзување од 0 до 100 km/h за 5,5 секунди, а максималната брзина му е 180 km/h.

Батеријата може да се наполни од 10% до 80% за околу половина час, а возачите можат да очекуваат автономија од 445 километри со едно полнење. Што се однесува до цената, таа во Италија започнува од 35.495 евра, иако во повеќето други европски земји е 35.995 евра.