23 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИTesla купува 2 милијарди батерии од Panasonic

Tesla купува 2 милијарди батерии од Panasonic

Panasonic teslata

Производителот на електрични автомобили „Tesla Мotors“ склучи договор со јапонската корпорација „Panasoniс“ за купување на поголема количина на батериски ќелии.

Овој потег се смета како знак на доверба на калифорниската компанија „Tesla“ во иднината на електричните возила.

Според договорот кој денеска беше откриен, „Panasoniс“ на компанијата „Tesla Мotors“ во наредните четири години ќе и испорача скоро две милијарди литиум-јонски батерии кои ќе се користат во автомобилите на „Teslа“, поточно во „Model S“ и „Model X SUV“.

Со договорот беше изменет веќе постоечкиот договор меѓу двете компании од 2011-та година, кој предвидуваше батерии за 80.000 возила, односно околу 560.000 батерии до крајот на 2015-та година.

Во „Tesla Мotors“ очекуваат дека оваа година ќе продадат околу 20.000 возила од „Model S“, a следната година со појавувањето на пазарите во ЕУ и Азија се очекува оваа бројка двојно да се зголеми.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП