11 јуни, 2025
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 07.10.2024

Дневен хороскоп 07.10.2024

Овен (21.03 – 20.04)

Ќе профитирате од добро осмислената работа со колегата од компанијата. Парите нема да ги добиете веднаш, но сепак ќе дојдат. На сите слободни им се препорачува посериозно да тргнат во потрага по идеалниот партнер. Здравјето е добро, можни се мали проблеми со циркулацијата.

Бик (21.04 – 21.05)

Некој близок на вас многу ќе ви помогне. Можен е успех, само би требало да бидете далеку поамбициозни и посконцентрирани на она што го работите. Ве оптеретува нерасчистениот однос со партнерот. Можни проблеми со црниот дроб.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Што се однесува до работата, можен е некој вид на награда или неочекувана исплата за добро обавената работа. Бидете подготвени на вистински начин да инвестирате во иднината. Во љубовта повеќе ќе се двоумите отколку што ќе уживате.

Рак (22.06 – 22.07)

Во некои ситуации со кои денес се соочувате се чувствувате безнадежно. Тешко ви е да избалансирате се што сакате и полека се помирувате со неуспехот. Не дозволувајте озборувањата и интригите кои доаѓаат од страна да влијаат на односот со партнерот.

Лав (23.07 – 22.08)

Еден соработник е подготвен да ви помогне. Некој во прилична мера ве исцрпува со неговата неодлучност. Време е да се завртите кон себе и своите потреби. Тврдоглавоста и ладниот став нема да ви помогнат во љубовното поле.

Девица (23.08 – 22.09)

На необичен начин се обидувате да ги промените деловните случувања. Можни се пријатни изненадувања во љубовта, особено доколку неодамна сте запознале некоја личност која многу ве интересира. Ве оптеретува зголемениот крвен притисок.

Вага (23.09 – 22.10)

Убаво разгледајте ја целата ситуација пред изработувањето на планот. Поради денешните должности воопшто ќе немате време за забава. Многу важно во моментот е да соработувате и да ги послушате советите од поискусни луѓе.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Малку ви здосадила работата со која се бавите. Слободното време искористете го конструктивно, посветете му се на семејството во кое ќе дојде до позитивен пресврт. Имате поддршка од страна на партнерот во се. Можни се кардиоваскуларни проблеми.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Би можеле да го преуредите деловниот простор и да привлечете клиенти. Новите соработници имаат свежи идеи, прифатете ги, ќе ви се исплати. Знаете како да ја задржите љубовта од оние кои ви значат најмногу. Се појавува искушение во вид на забранета врска.

Јарец (22.12 – 20.01)

Нема да се согласите да појдете на состанок со некое навалентно лице. Не сакате било кој да ве форсира и да ви досадува на било кој начин. Постои опасност од падови, повреди и исеченици, бидете внимателни. На крајот од денот ќе добиете убав подарок.

Водолија (21.01 – 19.02)

Уморни сте од калкулирања, сакате јасно да дефинирате што можете да очекувате од саканото лице, а што не. Дури и да останете сами, важно ви е само да знаете на што сте. Нестабилен ден за вас.

Риби (20.02 – 20.03)

Во компанијата, но и надвор од неа ќе се слушне за вашите професионални успеси и можно е да добиете разни понуди. Ако се сомневате во намерите на па

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП