Компанијата за истражување на пазарот TD Cowen ги откри вкупните трошоци за производство на iPhone 16 Pro Max.
Трошоците за производство на моделот iPhone 16 Pro Max 256GB вклучуваат компоненти, склопување на производот и пакување.
Во својата анализа, TD Cowen истакнува дека вкупните трошоци за производство на моделот iPhone 16 Pro Max со 256 GB е само 485 долари, што е речиси една третина од неговата продажна цена.
За споредба, производството на iPhone 15 Pro Max чини 453 долари, што е 32 долари (или 7%) помалку од iPhone 16 Pro Max.
苹果 iPhone 16 Pro Max 物料成本揭秘:485 美元,只比前代高 7%
— 诗人个人信息财产调查 (@srtg000bot) October 2, 2024
IT之家 10 月 2 日消息,市场调查机构 TD Cowen 最新公布的调查显示,制造一部 256GB 的 iPhone 16 Pro Max 手机,包括零部件、产品组装以及包装等在内,整个物料成本为 485 美元(IT之家备注:当前约 3400 元人民币)。… pic.twitter.com/wfUsAWhbEl
Извештајот покажува дека камерите и дисплејот се најскапите компоненти на телефонот. Само системот на задната камера сочинува 16% од вкупните трошоци за производство на телефонот.
Интересно е што помоќниот A18 Pro чип, кој се користи во најмоќниот iPhone оваа година, чини само пет долари повеќе од A17 Pro што се користеше во претходниот iPhone.
Меморијата и складирањето се исто така поскапи за пет долари. Од друга страна, подобрената батерија чини исто 15 долари.
Apple го продава iPhone 16 Pro Max за 1.199 долари (модел од 256 GB). Ова значеше дека сите други аспекти (истражување и развој, маркетинг, дистрибуција на софтвер…) чинат 714 долари.